Актуелно // Insta вести
Лозано доби престижна награда во Србија: Еве која посебна личност беше со него

Македонскиот пејач Влатко Лозаноски изминатиот викенд беше дел од манифестацијата „Весел Спуст“ во Краљево, каде му беше врачена наградата „Краљевски Оскар“ за поп изведувач на годината од Македонија.
Пред публиката на Плоштадот на српските воини во Краљево, Лозано имаше мини концерт каде изведе дел од неговите големи хитови, помеѓу кои и регионалиот хит „Душо лажлива“ на српски јазик.
Минатата година истата оваа награда и беше доделена на младата пејачка од Македонија, Лина Пејовска.
Лозано во Краљево како поддршка бил и неговиот син Марко, од кој сподели преслатка фотографија.
Лозано на 24 јули ќе настапи на „Тетовското културно лето“ на плоштадот во Тетово.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г