Море, палми и најмилите: Вака Нина Ангеловска ги дувна роденденските свеќички

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, деновиве ужива на летен одмор со најблиските, каде го одбележа и својот 37-ми роденден. Овој специјален ден таа го прослави во топла и опуштена атмосфера, опкружена со палми, море и љубовта на своето семејство.

На роденденската прослава билсопругот Виктор, синот Стефан и нејзината сестра Марина, со кои уживаат на заслужен одмор исполнет со релаксација, убави моменти и семејна хармонија.

Ангеловска и порано знаела да ги сподели убавите животни моменти со јавноста, а овој пат роденденската радост ја задржа во интимен, семеен круг, далеку од секојдневниот метеж.

Наместо роденденска торта, симболично на мал десерт Нина ги дувна свеќичките со број 37 и наздрави со пенливо вино. Но она што е најважно е дека убавиот момент го помина во друштво на своите сакани.

Фото: Инстаграм
РЌМ - Г.Д.Г