„Нема друга Македонија“ ечи на приватни прослави: Откако ни го обели образот на „Ѕвездите на Гранд“ македонскиот пејач Филип Божиновски има нов фокус

Добивај вести на Viber

Филип Божиновски, талентираниот пејач од Скопје, стана препознатливо име на македонската музичка сцена по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. 

Со својот моќен вокал и емоционални изведби, тој веднаш ја освои публиката, оставајќи силен впечаток и по завршувањето на натпреварот.

Фејсбук

Иако последниве неколку години се повлече од јавната сцена, Божиновски не се откажа од музиката. 

Се ожени, доби дете и го посвети времето на своето семејство, избирајќи повлечен, но исполнет живот. Денес активно настапува на приватни прослави, каде публиката го дочекува со воодушевување.


Особено е ценет поради неговиот патриотски репертоар – песни како „Едно име имаме“ и „Нема друга Македонија“ се неизоставен дел од неговите настапи. 

Благодарение на таа искрена љубов кон татковината, многумина го сметаат за еден од омилените гласови кога станува збор за македонската народна и патриотска музика.