„Никој сè уште не те надмина само да знаеш“: Јана, со емотивна порака за нејзиниот прерано починат татко, актерот Ненад Стојановски

Добивај вести на Viber

Македонскиот актер Ненад Стојановски препознатлив лик од „Бушавата азбука“, „Опстанок“ и најпознатата театарската претстава „Грев или шприцер“, беше најголемиот фраер што некогаш се појавил на театарската сцена.

Роден е 1952 годинаво Скопје, беше оженет со актерката Силвија Стојановска, а од бракот со неа ги имаат двете ќерки Ана и Јана, кои професионално тргнаа по патот на нивните родители.

Стојановски почина на 14-ти јули 1998 година.

Неговите ќерки Јана и Ана со гордост се сеќаваат на нивниот татко кој за толку краток живот имал богато тетарско и телевизиско творештво.

Поголемата ќерка Јана објави емотивен спомен од времето кое заедно го поминале како семејство. Објави фотографија од нејзиниот татко Ненад и напиша:

„Позади Ана и мама...ти и ја напред у кола...пука „Бјело дугме“ на касета...идеме за Белград...никој сè уште не те надмина само да знаеш“, стои во објавата.

Овој 14-ти јули се навршуваат 27 години од прераната смрт на актерот.

„Фала ти што правиш да е лесно никогаш да не заборавам која сум и од каде доаѓам...27“.

Јана и Ана израснале во актерско семејство, дедо им бардот на македонското глумиште Ацо Јовановски – Снагата, и нивната мајка актерката Силвија Стојановска.

Во интервју за Женски магазин, Јана во една прилика зборуваше за нејзиното семејство. На прашањето што е она што го научила од нејзиниот дедо.

„Од Ацо, веројатно да се забавуваш. Дека ништо не е страшно сè додека е обвиено во обвивка на хумор. Животот е еден, наше е како ќе го живееме. А, и дека нема да кашлаш ако пушиш различни цигари наместо исти, хахаха“, се сеќава Јана.

Кога останале без нивниот родител Ненад, Ана имала 13, а Ана 9 години. За неа болно е сеќавањето на тој момент, но безброј други убави моменти љубоморно ги чува во спомените.

„Па, јас многу страшно ги преживеав сите тие случувања. Уште повеќе дека никому не му беше ни на крај памет дека тоа ќе се случи. Беше страшно дека беше шок. Сестра ми имаше 9 години, јас 13, мајка ми 38. Можам да кажам дека сè уште ја поднесуваме загубата“, вели Јана.

Во биографијата на Ненад Стојановски запишано е неговото членување во Детската радио-драма како и во експерименталните аматерски драмски состави „Кактус“ и „Кај Св. Никита Голтарот“.

Откако дипломирал на Факултетот за драмски уметности, почнал да настапува на сцената на Драмскиот театар во Скопје.

Ненад е добитник е на голем број високи сојузни и републички награди и признанија: две Стериини награди, највисокото општествено признание на Македонија, Наградата „11 Октомври“, Наградата на „Млад борец“, на ревијата „Екран“ за најпопуларно филмско и ТВ лице и на театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Фото: Инстаграм/ Фејсбук
РЖМ - Г.Д.Г