Познатите Македонки на „руфтоп“ забава во Грција: Кога Скопје нема дискотеки, тие имаат план за журка!

Македонската музичка ѕвезда Тамара Тодевска и нејзините најдобри другарки, меѓународно познатиот топ модел Катарина Ивановска, и Александра Бела уживаа на вистинска летна журка во Грција, и тоа не каде било – туку на ексклузивен руфтоп настап на легендарниот диџеј Луј Вега (Louie Vega).
Овие дами беа забележани во опуштено и стилски издание, опкружени со пријатели и добра енергија, на настан кој се одржа на тераса со спектакуларен поглед. Атмосферата кулминираше токму во моментот на зајдисонцето, кога небото се обои во златни и розови нијанси, а ритамот на музиката ја следеше магијата на природата.
Според објавите на социјалните мрежи, Тамара, Катарина и Александра не престанале да танцуваат и да се забавуваат, докажувајќи уште еднаш дека знаат како да уживаат во животот. Љубителките на добар звук и стил се вистински пример за женска енергија, пријателство и позитивност, каде и да се појават.
Фотографиите од нивното грчко бегство веќе кружат на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм