„Се собрале комитите“: Македонските ракометари сплотени во љубовта кон ракометот и ладното пиво

Добивај вести на Viber

И кога нема официјални натпревари, македонските ракометари се сплотени околу едно нешто – љубовта кон ракометот и добрата дружба. 

Дел од нив се репрезентативци, други оставија длабока трага во Вардар, но сите имаат заедничка нишка – спортот што ги поврзува и кафанската атмосфера што ги зближува уште повеќе.

На фотографијата која кружи по социјалните мрежи, се гледаат Стојанче Стоилов и Дејан Манасков во пријателска прегратка, видно расположени.

 Насмеани, со пиво во рака – изгледа дека тоа е „виновникот“ за летната еуфорија и добрата атмосфера. 

Без притисок од резултати, без стратегии и тактики – само пријателство, спортски дух и моменти што вредат да се споделат.

Ова е уште една потврда дека вистинските тимови не се распаѓаат – тие само менуваат терени.