Секогаш дама: Како изгледа денес Пепита Танеска-некогаш познатата лото девојка - ФОТО

Добивај вести на Viber

Пепита Танеска, некогашната најатрактивна лото девојка, и денес плени со својот изглед, енергија и стил. 

На фотографиите што ги споделува, таа секогаш изгледа негувано, колоритно и со ведар дух. Плетенката ѝ стана препознатлив знак, а комбинациите со очила и капи само го надополнуваат нејзиниот лежерен, но софистициран изглед.


На едната фотографија, Пепита ужива во освежувачки пијалак на летна тераса – мирна, насмеана, во бело фустанче и со класичен капче стил – дефиниција за летна елеганција. На друга, во црвен фустан пред црквата „Свети Наум“ во Охрид, изгледа како дама која знае да ужива во убавините на животот и духовното спокојство.


Нејзините стори статуси се инспиративни и емотивни – пораки за надеж, благодарност и свесност, кои говорат за жена со длабока мисла и топло срце. Пепита не само што остава визуелен впечаток, туку и внесува смиреност и животна мудрост.


ФОТО: Официјален профил Пепита Таневска/Инстаграм