Семејна идила под сонцето на Парга: Емра и Петар со ќерката Лена на летување

Добивај вести на Viber

Познатиот актерски пар Емра и Петар ова лето го поминуваат на сосема поинаков начин – во улога на родители на нивното прво семејно летување со ќерката Лена. За нивната прва ваква авантура, го избраа едно од најромантичните места на Јонското Море – живописната Парга.

Со својата традиционална архитектура, шарени куќи и улички, Парга се покажа како идеална дестинација за одмор и забава, но и за уживање во тивки семејни моменти.

Емра и Петар заедно со Лена, уживаат во погледот кон морето и преубавото мало заливско градче, додека зад хоризонтот заоѓа сонцето. Парот не пропушта можност да ја фотографира секоја една насмевка на нивната ќерка.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г