Сепак не е геј: Азис ја покажа својата нова девојка, а таа пожешка и од лето

Добивај вести на Viber

По години шпекулации и коментари за неговата сексуалност, бугарскиот фолк пејач, познат по своите хитови и ексцентричен изглед со фустани, потпетици и нашминкано лице, конечно стави крај на сите гласини.

На својот профил на социјалните мрежи тој објави провокативна фотографија со згодна црнка, на која се гледа како страсно се бакнуваат.

Фејсбук 

Оваа објава ги изненади неговите следбеници и предизвика лавина реакции – од воодушевување до скепса. 

Додека некои фанови му честитаа за љубовта и храброста, други се прашуваат дали станува збор за маркетиншки трик.

Фејсбук

Сепак, пејачот досега не дал изјава за медиумите, оставајќи ги сите да гадаат дали ова е одговор на долгогодишните шпекулации или само уште една провокација во негов стил.

Без оглед на сè, со оваа фотографија тој повторно ја освои сцената – и вниманието на јавноста.