Синот на Антониа Гиговска наполни 2 годинки: Роденденската декорација ќе ве воодушеви!

Добивај вести на Viber

Малиот Киан, синот на популарната двојка Антониа Гиговска и Роберт, вчера го прослави својот втор роденден. Веселата прослава се одржа во игротека, со внимателно избрана декорација и тематски детали кои му дадоа посебен шарм на настанот.

Просторот беше украсен со жолти и портокалови балони, а централниот елемент на декорацијата беше голем балон во форма на бројот „2“ во црна боја. Атмосферата дополнително ја разубавуваа балони во форма на колички и авиончиња, совршено вклопени во детската тематика.

Тортата, исто така, го следеше концептот – бела основа со црно чоколадо кое симболизираше земја истурена од багери. На неа имаше знак „стоп“ и свеќичка со бројот 2, прилагодени на интересите на малечкиот славеник.

Киан, облечен во жолти бермуди и кошула со принт од багери и камиони, изгледаше преслатко и совршено се вклопуваше во тематиката. Родителите, Антониа и Роберт, исто така носеа облека во согласност со темата – со бели маички украсени со слични детали.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г