Струмичкиот градоначалник стана фармер откако Владата најави мерки за враќање на младите во селата

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов викендов привлече внимание со нова фотосесија објавена на неговите социјални мрежи, на која позира во стил „country life“ – облечен како фармер, на нива, опкружен со природата.
Иако станува збор за фотографирање, а не реална промена на животниот стил, симболиката на изборот е повеќе од јасна.
Фотосесијата доаѓа токму во период кога Владата ги претстави новите стимулативни мерки за враќање на младите на село – програма што нуди субвенции, поддршка за земјоделство и рурален туризам.
Дали Костадинов испраќа порака на поддршка за оваа стратегија или само се обидува да создаде неформален имиџ – останува отворено прашање.
Неговата објава наиде на бројни реакции – од пофалби за „модерен пристап“ до иронија и прашања дали токму тој ќе биде меѓу првите кои ќе ги искористат мерките за враќање на село.
Едно е сигурно – фотосесијата го стави Костадинов повторно во фокусот на јавноста, овојпат во улога што никој не ја очекуваше.