Тој и земјотресот се врсници: Џамбазов слави 62 –ри роденден, а оваа специјалната честитка го изненади!

Добивај вести на Viber

Македонскиот шоумен, актер, музичар и текстописец Игор Џамбазов денес го слави својот 62-ри роденден. Роден е на 15 јули 1963 година во Скопје – година во која не ни претпоставувале неговите родиетели Александар и Анче Џамбазови дека на главниот град ќе му се случи катастрофа од невидени размери.

Само 11 дена по неговото раѓање, на 26 јули, главниот град беше погоден од разорниот земјотрес во 1963 година, еден од најтрагичните настани во македонската историја. Џамбазов, тогаш бил бебе старо само 11 дена. Па на своја сметка знае да се пошегува дека „тој и земјотресот се врсници“.

Во духот на својот препознатлив хумор и автентичност, Џамбазов денеска сподели роденденска објава на социјалните мрежи, напишувајќи:

„На денешен ден, пред 62 години, почнав самостојно да дишам. И сè уште дишам. Оти дишам длабоко...“

Тој се потсети и на годините што ги носи, додавајќи во свој стил:

„2025 - 1963 = 62. Не е битно колку се, туку важно е дека уште можам да ги пребројам.“

Посебна роденденска честитка доби и од Илина Арсова, неговата поранешна партнерка, која објави фотографија од чаша со ликот на Џамбазов и напиша:

„Среќен роденден на најспецијалната личност.“

Џамбазов, кој повеќе од четири децении е присутен во јавниот живот, останува една од највлијателните и најсакани личности на македонската културна сцена.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г