Сања Савеска: Блескава, мирна, и своја – онака како што знае само една жена

Секоја жена заслужува момент за себе, далеку од брзиот ритам и секојдневието – Сања Савеска си го подари токму тоа.
Водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска, деновиве ужива на егзотичното сонце во Хургада, Египет, а секоја фотографија од одморот е како сцена од романтичен филм. Со долга црвена тоалета што совршено ја истакнува нејзината женственост, Сања шета по златниот песок додека зад неа се топи хоризонтот во виолетови и портокалови нијанси.
Во друштво на палми, рајски бунгалови и тивки бранови, таа зрачи со смиреност и самодоверба. Со минимална шминка и едноставна фризура, водителката покажува дека вистинската убавина доаѓа однатре – со насмевка, став и харизма.
„Секој ден е нова шанса да блескаш... баш како изгрејсонцето,“ напиша таа под една од објавите – и навистина, таа блеска.
Кога жената ќе избере мир – тогаш вистински блеска:
ФОТО: Инстаграм официјален профил Сања Савеска
РЖМ/ИС